ПОУЧНА ПРИКАЗНА:Мажот дошол дома од работа и трите деца ги нашол како си играат во дворот…

Мажот си дошол дома од работа и ги нашол трите деца како си играат надвор, во дворот, и тоа уште во пижами, во кал, а празни кутии од храна и обвивки од чоколадо расфрлани по целиот двор. Вратата од автомобилот на сопругата била отворена, влезната врата од куќата исто така, а никаде го немало ниту куќето.
Влегувајќи дома пронашол уште поголем неред. Столната лампа била падната, а тепихот згужван покрај еден ѕид. Телевизорот во дневната соба работел на најгласно, а собата била полна со расфрлани играчки. Во кујната, покрај садоперот имало насобрани валкани чинии, храната била расфрлана по масата и на подот, вратата од фрижидерот отворена, на подот имало скршено стакло, а во средината на кујната имала мало купче песок. Бргу тргнал на спратот прескокнувајќи преку еден куп играчки и облека.
Загрижен ја барал сопругата, сигурно нешто и се случило.
Од бањата течел поток вода. Ѕирнал внатре и видел многу мокри пешкири, водата течела во лавабото, а во кадата имало валкана пенлива вода. Километри тоалетна хартија биле извлечени по целата бања. Побрзал во спалната соба и таму ја нашол сопругата како во пижами чита книга.
Го погледнала, се насмевната и го прашала:
„Драги, како ти беше на работа?“
Гледајќи ја со неверување ја прашал:
„Што се случило тука денеска?“
Таа повторно се насмеала и рекла:
„Знаеш кога ќе дојдеш нервозен од работа и ќе се извикаш на мене ‘што си правела по цел ден?’“
Тој и одговорил:„Знам!“
„Е, па денес не го правев тоа“, му одговорила жената и продолжила да чита.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БРАЧЕН ПАР ОД ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: Заедно се веќе 65. години – не се одвојувале ниту во болницата

Двајца сопружници од Шпанија, кои живеат заедно полни 65 години, биле отпуштени од една од …