ЗГОДНИТЕ ЖЕНИ ОТКРИЛЕ ЕДЕН ТРИК: Пијте вода на ваков начин и КИЛОГРАМИТЕ САМИ ЌЕ СЕ ТОПАТ!

Многу жени мака мачат со одвишните килограми , а денеска ви донесуваме одличен трик како да се ослободите од вишокот и тоа со помош на вода.
Имено, истражувањето на универзитетот во Илиноис утврдило дека зголемено количество вода може да влијае на намалување на обемот на струкот.
Истражувањата потврдиле дека ако пиеме три чаши вода повеќе од вообичаеното дневно внесување (кое изнесува 4,2 чаши) ќе конзумираме 205 калории помалку, во храна.

Ефектот ќе биде поголем ако пиете брезова вода која е богата со електролити (како кокосовата вода), а според некои истражувања губењето на килограмите се зголемува поради своето детоксикациско делување.
Инаку оваа, т.н. брезова вода помогнува да се исфрлат токсините од телото, го јакне имунитетот, ги чисти црниот дроб и бубрезите, помага при слабеење и целулит.
Кога ќе почувствувате жед знајте дека сте дехидрирале.
Дехидрацијата е состојба на кожата кога некој ќе загуби повеќе вода отколку што конзумирал и така ја пореметува чувствителната рамнотежа на минерали во телесните течности.
Дехидрацијата е многу сериозен здравствен проблем кој може да влијае на луѓето од сите возрасти. Луѓето би требало да ги препознаат знаците на дехидратација, бидејќи така можат да спречат големи проблеми.
Центарот за здравје пишува дека прв симптом за дехидратација е жед (телото сака да го зголеми внесот на вода), намалено мокрење (телото се обидува да ја сочува течноста) и урина со темна боја. Но, проблем е што веќе сте дехидрирале во време кога овие знаци ќе се појават.

Како се зголемува нивото на губење на вода, се појавуваат и се повеќе знаци и симптоми како што се:
– Главоболка
– Сува кожа и усни
– Сува уста и сув јазик со густа слуз
– Грчеви во рацете и нозете
– Суви очи со малку или скоро без солзи додека плачете
– Намалено потење
– Зголемена телесна температура
– Брзи отчукувања на срцето
– Замор или слабост
– Мачнина и повраќање

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БРАЧЕН ПАР ОД ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: Заедно се веќе 65. години – не се одвојувале ниту во болницата

Двајца сопружници од Шпанија, кои живеат заедно полни 65 години, биле отпуштени од една од …