(ВИДЕО+ФОТО) Мастерс во Париз: Ѓоковиќ во финалето против Шаповалов: Надал се повлече поради повреда!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Мастерсот во Париз со победата над Бугаринот Григор Димитров во два сета.
Ѓоковиќ стигна до деветтиот триумф во десеттиот натпревар со Димитров со 7:6 (7:5), 6:4, по еден час и 40 минути игра.
Во борбата за титулата српски тенисер, тој ќе се соочи со Денис Шаповалов од Канада, на кого мечот му го предаде шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда што ја претрпел на тренингот.
И Ѓоковиќ и Димитров одиграа добро, не брилијантно, во првото полуфинале во „градот на светлината“ и на крајот, заслужено славеше оној што направи помалку грешки.


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го предаде мастерс-полуфиналниот натпревар во Париз на Канаѓанецот Денис Шаповалов без борба.


Како причина за таквата одлука, Надал ја наведе абдоминалната повреда што ја доживеал на тренинг. Засега нема информации дали таа би можела да влијае на неговото учество во финалниот Мастерс во сезоната што започнува следниот викенд во Лондон.
Ова значи дека Шаповалов ќе се натпреварува со Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, во борбата за титулата во „градот на светлината“.Тоа ќе биде нивен четврти натпревар, со тоа што српскиот тенисер славеше во сите три досега.

Иако на полуфиналниот меч помеѓу Ѓоковиќ и Димитров на трибините беше виден Михал Јужни, тренерот на Шаповалов, немаше информации дека Надал го предал мечот. Но, сега е се јасно – Јужни дошол да го гледа идниот противник на својот пулен…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …