Што е досега познато за „Куќата на змејовите“ спин-оф серијата на познатата „Игри на престолите“?

„Од застрашувачките тајни истории на Вестерес до вистинското потекло на Белите шетачи, мистеријата на Истокот па се до легендата за Старк, само едно е сигурно – тоа не е приказна за која мислиме дека знаеме се“
Веста за новата серија на HBO која припаѓа на светот на „Игри на престолите“, дојде само неколку часови откако HBO го откажа вториот, претходно најавен спин-оф од истата.
Серијата ќе биде базирана на книгата на Џорџ Мартин „Оган и крв“, а ќе се вика „Куќа на змејовите“.
Книгата „Оган и крв“ се појави во 2019-та година, а приказната ја следи историјата на куќата Таргериан, односно претците на Денерис и нивната борба во граѓанската војна. Проектот засега би требало да има 10 епизоди, а приказната е сместена околу 300 години пред приказната на главниот серијал „Игри на престолите“.


Идејата е „Куќата на змејови“ постепено да се донесе до приказната на новиот серијал „Танц со змејовите“. Во таа серија ќе се обработи едно од најголемите случувања во историјата на „Седумте кралства“ кое доведе до граѓанска војна помеѓу двете фракции на куќата Таргериан.
Но, засега не е познато кога „Куќата на змејови“ би можела да се појави.
„Од застрашувачките тајни истории на Вестерес до вистинското потекло на Белите шетачи, мистеријата на Истокот па се до легендата за Старк, само едно е сигурно – тоа не е приказна за која мислиме дека знаеме се“ – изјавил Џорџ Мартин, авторот на серијалот книги “Песната за мразот и огнот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …