(ФОТО) Мелани Грифит ги шокирала фановите: На 62.година објавила селфи во долна облека

Инстаграм станал место каде се почесто се појавуваат и ѕвезди од старата гарда, како Џенифер Анистон која буквално „го блокирала“, но и Мелани Грифит…
Токму таа 62. годишна актерка одлучила да го искористи Инстаграм, како што тоа го прават многу помладите колешки, па објавила фотографија на која позира во долна облека во својата пространа гардероба.

Половина милион нејзини следбеници биле изненадени со фотографиите на кои бившата сопруга на Антонио Бандерас позира само во градник и гаќички со потпис на дизајнерките Симон Харуш и Џејми Мизрахи.

Мелани порано признала дека напорно работи на својата линија, неколку пати неделно вежба пилатес и трча, а не конзумира големи количества јагленихидрати.
Мајка е на три деца, синот Александер и ќерките Дакота и Стеал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …