СТРАШНА СЛУЧКА НА КОСОВО: Малолетничка две години била силувана од шест мажи, меѓу нив професор, полицаец, адвокат, гинеколог…

Шест лица, меѓу кои професор во Гимназија, полицаец и адвокат во средата косовското правосудство ги обвинило дека две години силувале малолетничка, која била присилена да абортира, објавило државното обвинителство.
Искуството на таа девојка од западниот дел на Косово ја шокирало земјата и поттикало јавна расправа за статусот на жените во многу конзервативното општество.
Претседателот Хашим Тачи аферата  ја нарекол „трагична и монструозна“.
Шестмината обвинети, меѓу кои е и гинеколог, се обвинети за сексуално злоставување, злоупотреба на моќ и предизвикување бременост со сексуално насилство, соопштило обвинителството.
Истражувачкиот портал Инсајдер тие злосторства ги открил во февруари. Станува збор за девојка која во 2017. година имала 16. години, а силувањата продолжиле и во 2018.
Инсајдер на својата страница наведува дека во 2017. година професорот почнал сексуални односи со девојката и ‘и ветил брак. Кога открила дека е женет и татко на две деца, го пријавила во полиција.
Полицаецот кому му раскажала за проблемот и се заканил дека ќе ги извести нејзините родители за врската со професорот, доколку со него не оди во хотел четири пати неделно, што се случуало цела 2018. година.
Кога останала бремена, полицаецот во јануари 2019. година ја одвел во Приштина да абортира.
Адвокатот доделен на девојката исто така ја силувал, како и гинекологот, според истиот извор.
Обвинителството не открило детали за првите две лица обвинети за силување на денес 18. годишната девојка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …