(ФОТО) Страшна судбина на кралиците на убавина: Иранската Мис стравува за својот живот – „Ќе ме убијат, претепаат или силуваат!“!

Нигеријката ја осудиле на каменување, а Украинката свирепо ја убиле на улица…
Убавицата Бахарех Заре Бахари веќе две недели е во агонија. Иранската мисица е заробена на меѓународниот аеродром во Манила. Иранката моли за азил, бидејќи се плаши за својот живот ако се врати во Техеран.
Бахерах го претставувала Иран на изборот за Мис интернационал во Манила, а на аеродромот е задржана откако се нашла на потерница на Интерпол.

Немам направено никакво злосторство
Филипинците ја третираат како бегалка и тврдат дека е барана поради напад, и го одбиле влегувањето во земјата кога на 17. октомври се обидела да се врати од Дубаи. Оттогаш е затворена во патничка соба на терминалот 3 и таму е веќе две недели. Вели дека психички е многу лошо.
Инаку, Заре Бехари на Филипини живее веќе пет години, таму отишла да студира стоматологија и во земјата влегла со студентска виза. Бахари верува дека на потерницата на Интерпол е поради владата на Иран, која се обидува да ја замолчи поради нејзините политички ставови. Имено, Бахари на изборот на Мис на сцената излегла држејќи фотографија на принцот Реза Пахлави, чие семејство во 1979. година во Иранската револуција е симнато од тронот.Оттогаш Пахлави живее во Соединетите Американски држави и ургира на промени на сегашниот режим во Иран.
Заре Бахари изјавила дека се обидела да биде глас на луѓето од својата земја и тврди дека не направила никакво злостортство ниту во Иран ниту во Филипини.
„Немам направено никакво злосторство во Иран, а ниту тука. Шест години тука живеам без никакви проблеми. Ако ме депортираат ќе се соочам со долга затворска акзна, долга најмалку 25. години. Ќе ме силуваат и ќе ме тепаат во ирански затвор, таму тоа е многу често“, рекла Бахари преку видео кое го објавила на Фејсбук.
Додала и дека се плаши за својот живот и дека ниту на Филипините не е сигурна. Имиграциската служба на Филипините не открила која земја ја ставила Бахари на потерница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …