(ВИДЕО) Од денеска на „ТВ24“ почнува да се емитува првата тинејџерска ситком-серија „Гласна куќа“

„Не само што сметаме дека ќе ја гледаат, туку како родител сметам дека оваа серија е задолжителна и за родителите, бидејќи содржината на проектот е многу искрена и реална…“

 


Вечерва, 28 октомври, во 19 часот и 15 минути, на „ТВ 24“ почнува да се емитува „Гласна куќа“, првата тинејџерска ситком-серија, во продукција на КМК продукција, заедно со Актерската школа на Весна Петрушевска.
Сценариото е на Димитар Банов, а режијата е на Петрушевска. Серијата е плод на работата на првата генерација ученици во актерската школа на првенката на Македонскиот народен театар. Музиката и текстот во најавата се на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Никола Перевски Пере.

Модерната македонска тинејџерска телевизиска серија „Гласна куќа“ ќе биде задолжителна и за родителите, вели Виолета Дамевска-Ѓоргиева, продуцент на проектот.
„Не само што сметаме дека ќе ја гледаат, туку како родител сметам дека оваа серија е задолжителна и за родителите, бидејќи содржината на проектот е многу искрена и реална. Така ќе им помогнеме на родителите да ги запознаат своите деца и нивната реалност, нивните желби, стравови и предизвици одблиску“, вели Дамевска-Ѓоргиева.
Досега се снимени 10. епизоди, а по излегувањето во етер и мал одмор, од продукцијата најавуваат дека ќе почнат со подготовки за втората сезона која веќе има и свој облик.

најава за прва епизода на “Гласна куќа “ 📺📺 @kmk_produkcija @vikidamevska @akterskashkolapetrushevska @igordzambazov @perrenokaut #tv24 ✔️💫📺

Gepostet von Vesn Bejbimama Petrusevska am Freitag, 25. Oktober 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …