(ФОТО) На Ферстапен му е одземена пол позицијата – ќе стартува од четвртото место!

Холанѓанинот Макс ферстапен оствари најбрзо време во квалификациите на Големата награда на Мексико, но денеска, недела, ќе стартува, од четвртата позиција.
Имено, дирекцијата на трката одлучила возачот на Ред Бул да го казни со три позиции поради игнорирање на жолтите знаменца во својот последен круг во Q3.


Значи, вечерва од 20. часот од првата позиција ќе стартува Шарл леклер од Ферари, пред клупскиот колега Себастијан Фетел и актуелниот првак на светот Луис Хамилтон од Мерцедес.
Холканѓанинот подоцна изјавил дека видел дека Валтери Ботас има несреќа, но и дека не бил свесен дека се исткнати жолтите знаменца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …