Ја мачи тешка болест, минала и низ хемотерапија, неколку пати се лекувала на психијатрија…Ѕвездата со скромно потекло новата песна му ја посветила на Џастин Бибер кој веќе се ожени со друга…
Сестраната Селена Гомез не минува низ лесен период од животот. Постојано е во добри и лоши периоди, предизвикани со депресија и анксиозност. Кон сето тоа не помогнал ниту нејзиниот турбулентен однос со Џастин Бибер. Музичарот неодамна се оженил со манекенката Хејли Болдвин, а Селена со болката се справува на свој начин. Помеѓу останатото, во јавноста пуштила сингл ‘Lose You to Love Me'(Те загубив за да ме сакаш). Емотивно испеала се’ што проживеала во 2018. година, во која морала да се откаже од младешката врска со Бибер.
„Оваа песна е инспирирана со многу работи кои ми се случија во животот откако го објавив мојот последен албум. Сакам луѓето да почувствуваат надеж и да знаат дека од се’ ќе излезат уште појаки и подобра верзија на себе“, порачала Селена во текстот под песната на Јутјуб.
Само два месеци после прекинувањето ја започнал врската со Хејли, се венчале после неколку месеци
Бибер и Селена дефинитивно прекинале во март минатата година, а тој веќе два месеци подоцна се забавувал со Хејли. Со неа, после само еден месец се свршил, а во септември 2018. година се венчал кај матичар. Истото го повториле оваа година и во верски обред.
„За два месеци не замени како тоа да е толку лесно, мислев дека го заслужив тоа“, се само некои од стиховите во новата песна на Селена. Доста точно се поклопува со се што и се случувало во љубовта со Бибер.
Многу пати се смирувале и разделувале, и на крај и двајцата се замориле од таа љубовна врска. Бибер дошол до ниво на пукање, а истото и се случило и на Селена. Во свирепиот Холивуд заедно стасале и пораснале, некое време си биле најголема подршка еден на друг. Но, со текот на годините станало јасно дека лошо влијаат еден на друг па семејството на Селена била против нивното помирување. Посебно, последното, кое се случило во 2017. година. После се’ што минала во борбата за здравје, сметале дека не и е потребен Бибер за да повторно ја разниша. Но, не ги послушала, си дала уште една шанса и на крај останала „со куси ракави“.
„Селена, најмногу поради своите здравствени проблеми и борба која со години ја минува поради лупус, е изразито чувствителна, но свршувачката на Џастин и ‘бракот на брзина’ ја повредија и ја ‘фрлија преку работ’“, тврдел извор близок до пејачката откако во 2018. година завршила на психијатрија. Наводно, бракот на Џастин ја довел до работ. Била хоспитализирана во една болница во Њујорк и таму се лекувала од депресија и ансиозност. Пејачката подоцна на медиумите им открила дека е свесна дека за неа тоа ќе биде борба додека е жива. Но, изјавила и дека е подготвена на таа борба.
Депресија, анксиозност, лупус…
„Имав многу проблеми со депресија и анксиозноста и многу отворено зборувам за тоа. Но, мислев дека тоа нема никогаш да го победам. Дека нема да дојде ден кога ќе помислам:„Еве ме тука, во убав фустан, победив! Мислам дека цел живот ќе се борам со тоа, но ОК сум по тоа прашање бидејќи одлучив себе да се ставам на прво место“, открила за Harper’s Bazaar.
И’ пред тоа неколку пати престојувала во клиники за ментално здравје за да ја доведе психата во ред
Додека Џастин уживал во новата љубов и плановите за брак, Гомез го ставила своето здравје на прво место, говорејќи дека со психата мора да се грижи и за лупусот, кој и бил дијагностициран во 2015. година. Поради таа свирепа болест во 2017. морала да мине низ трансплантација, но и хемотерапија. После трансплантацијата, признала, живее полесно, не ја мачат артритис, главоболки и висок притисок…
Девојката од скромно тексашко семејство со години тие симптоми ги криела од јавноста, се’ поради кариерата во која вложила многу труд но и младоста. Со нејзината кариера на целото семејство му донела подобар живот, но неа самата слава ја чинела психичко здравје.