(ФОТО) Интервју: Мартинијан Кириловски: „Македонија изобилува со многу талентирани луѓе особено на полето на музиката!“

Ова момче не треба посебно да го претставуваме, не само поради тоа што победи на „Макфест“, или го има во „Гранд ѕвезди“, туку според тоа што покажа дека е вреден, упорен и се бори за својата визија и за себе…

„Макфест за мене има големо значење, можам да кажам дека мојата кариера започнува токму со овој фестивал кој во 2013 година, кога на македонската јавност за првпат се преставив со своја песна која публиката многу убаво ја прифати. За мене Макфест преставува едно скалило со кое се искачив повисоко и кое ми омозвожи да влезам во светот на македонската музичка сцена, а и пошироко…“

– Долго години си во Гранд, имаше доста непријатности. Дали сега можеш да кажеш дека конечно го доби заслуженото внимание?

Како прво би сакал да истакнам дека за мене учеството во Гранд преставува едно големо искуство кое не само што ми помогна на професионален план туку и ми помогна да ја подигнам мојата личност и кариера на едно повисоко ниво што се однесува на соработка со врвни музичари, пејачи, композитори и луѓе од целокупниот шоу бизнис.Јас не би ги нарекол непријатности туку еден вид на позитивна критика кои ме поттикнаа уште повеќе да работам и да ги надминам некои препреки кои стојат на патот на секој успех. Успеав ете да надминам некои свои лични видувања и фрустрации и како резултат на сето тоа и упорната работа влегов во финалето во кое влегуваат оние кои успеваат да истрајат на тој пат на многу предизвици и искушенија.

– Пред неколку години имаше договор со Гранд – како сега стојат работите таму, со оглед на тоа дека секој учесник на еден начин го потпишува?

Да, пред многу години склучив договор со Гранд Продукција на кој сум многу горд. Сега на некој начин овој договор добива поголема важност и соработката се продлабочува. Сите кои влегоа во финалето добиваат можност да се промовираат со своја песна и да се претстават на пошироката публика со своите квалитети како докажани пејачи. Со нетрпение очекувам да излезе мојата прва песна на српски јазик и да биде дел од хитовите кои произлегуваат од оваа реномирана продукциска куќа која стои зад најуспешните пејачи. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и задоволството ќе биде големо и за двете страни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ШОКАНТНО – МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК РЕШЕНА ВО ЈАПОНИЈА: Долго се верувало дека станува збор за легенда, а потоа е пронајден ДОКАЗ!

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северноатлантскиот океан, каде …