Пет минути во денот се доволни за „убиствен стомак“ на кој сите ќе ви завидуваат!

Стомачните мускули се веројатно најпопуларната вежба за совршен и вајан стомак. Секако, постојат и варијации на оваа вежба кои ќе го активираат секој мускул во телото, а тренерот и стручњак Аугуста Вудс дава совети како да изградите совршени стомачни мускули на кои сите ќе ви завидуваат, пренесува порталот Coach.
Оваа тренерка вели дека се доволни пет минути за цел сет вежби од кои секоја ќе го тестира вашето тело.
„Секоја вежба трае по 30. секунди, а ако тоа ви звучи претенциозно, намалете го времето на 20 па и на 10 секунди“, вели Вудс.
Меѓутоа, ако вежбата сте ја ограничите на само десет секунди, важно е секој пат да го зголемувате тој број.
1. Држење 30. секунди
Легнете на грб со раширени нозе, со раце испружени зад главата, а со долниот дел на грбот притиснете од подот. Подигнете ги рацете, рамениците и нозете на отприлика 15. сантиметри од подот. Цврсто држете го долниот дел од грбот на подот и во таа положба оставете 30. секунди.
2. Даска (планк) 30. секунди
Легнете на стомак, а потоа подигнете го телото и потпрете се на подлактиците и прстите на стопалата. Целото тело држете го во рамнина и оваа положба држете ја 30. секунди.
3. Повторете ја првата вежба.
4. Качување (mountain climbers) 30 секунди
Започнете во истата положба како со планкот, но задникот кренете го во воздух.
Наизменично и што побргу повлекувајте ги колениците кон градите. Замислете дека се качувате.
Оваа вежба исто правете ја 30. секунди.
5. Повторете ја првата вежба.
6. Даска со поместување на рацете
Почнете во позиција за планк. Од тлото подигнете една рака, а потоа другата и при тоа држете рамна положба на телото. Оваа вежба повторувајте ја 30. секунди.
7. Допир на прстите на нозете
Легнете на грб, испружете ги нозете и усмерете ги ножните прсти кон таванот. Лесно подигнувајте го грбот од подот, испружете ги двете раце и обидете ги да ги допрете прстите на нозете, а потоа спуштете го грбот на подот.
8. Повторно повторете ја првата вежба.
9. Велосипед 30. секунди
Легнете на грб, а рацете ставете ги зад глава, додека рацете се усмерени на страна.
Подигнете ги и двете нозе од тлото, а потоа полека подигнете едно колено кон градите, а спротивниот лакт кон коленото. Вежбата правете ја 30. секунди.
10. Повторете ја првата вежба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …