ЈАВНО ПРАШАЊЕ ЗА ВЛАДИМИР ДОЈЧИНОВСКИ: „Дали ги запознавте авторите на 10. песни кои ги избравте за Макфест 2019?“


Пред годинешното издание на „Макфест“ се прошири приказната дека Григор Копров во Штип ќе има 10. песни  а поголемиот дел од нив под псевдоним…

Како долгогодишни следачи на овој фестивал знаеме дека и порано Копров имаше песни испратени под псевдоним кои и по завршувањето на фестивалот не беа обелоденети во јавноста…Па, оттаму и не ни беше чудна таа вест дека Копро ќе има 10. песни на „Макфест“…Зошто?

Па, уметнички директор на „Макфест“ е Владимир Дојчиновски човекот кој тесно соработува со Копров…Како? Па, Дојчиновски песните кои ги работи ги снима во студиото на Копров а беше и „неофицијално“ дел од „Охрид фест“…
Сега би требало да напишеме неофицијално и да се оградиме од сите тврдења и горе напишаното…
Добро, нека биде неофицијално, но затоа останува прашањето за Владимир Дојчиновски – „Дали ги запознавте авторите на 10. песни кои ги избравте за Макфест 2019?

А, меѓу тие големи непознаници на македонската сцена се Иво Горов, Слободан Стојанов, Саша Николиќ, Филип Цветков, Ангел Петиќ, Петар Василев, Столе Аврамовски…, би сакале да добиеме изјава или интервју од нив, велат колегите од 24музика.мк.
Ние не сме заинтересирани за интервју или изјава но сепак не интересира кои се тие луѓе, можеби во иднина ќе направат нешто интересно или значајно па – едноставно – да ги знаеме.Па, ако некој се препознае во горе наведените имиња слободно нека ни пише – убаво би било да ја напишеме вистината, бидејќи човечки е да се греши.
Значи, чекаме корекција, па и запознавање со Иво Горов, Слободан Стојанов, Саша Николиќ, Филип Цветков, Ангел Петиќ, Петар Василев, Столе Аврамовски…
Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ШОКАНТНО – МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК РЕШЕНА ВО ЈАПОНИЈА: Долго се верувало дека станува збор за легенда, а потоа е пронајден ДОКАЗ!

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северноатлантскиот океан, каде …