(ФОТО) Џенифер Лопез среде улица во венчаница: Не, не е оставена – снима нов филм!

Минувачите во Њујорк во неверување ја гледале латино дивата во прекрасниот фустан…
Кога Џенифер Лопез се појавила во елегантна венчаница во Њујорк, сите останале шокирани, бидејќи никој не знаел за некаква венчавка.

Имено, нејзиниот свршник не бил во близина, а не било познато ниту дека ја одредиле датата за венчавка.
Сепак, станува збор за мала измама, бидејќи дивата сеуште не се мажи (но веројатно не за долго). Лопез снима нова романтична комедија „Ожени се со мене“, па во Њујорк е видена во прекрасна венчаница, но само за потребите на филмот.

Во филмот кој се снима спроед мотивите на романот на Боби Крозби, таа глуми поп ѕвезда која непосредно пред венчавката со својот дечко (го глуми колумбискиот пејач Малум) открива дека тој ја измамил со нејзината асистентка.

Се „скршува на настап“ и случајно од публиката избира маж (Овен Вилсон) и од инает ќе се мажи со него…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ШОКАНТНО – МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК РЕШЕНА ВО ЈАПОНИЈА: Долго се верувало дека станува збор за легенда, а потоа е пронајден ДОКАЗ!

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северноатлантскиот океан, каде …