(ФОТО) Ова е новата Шкода Фабиа!

Наближува премиерата на потполно новата Октавија, покрај Голфот најисчекуваниот новитет на VW концернот оваа година во понудата на класичните модели. Сега можеме да ги видима назнаките на она што треба да се очекува.
Тисер скиците од Шкода во потполност ќе ја одработат својата улога. Како и секогаш, најавните скици го покажуваат моделот во издание кое најчесто и тоа како се разликува од конечната изработка. Исто е и со Октавија па така според скиците делува како само намалена верзија на Артеон, со положена силуета на кровот, огромни тркала и со многу остри линии. Но, вистината е најблиску до овие најави, заедно со новиот изглед напред и одзади.

А, судејќи според досега фатените прототипови, не треба да се очекува многу повеќе од еволуцијата во правец на намален Суперб со отфрлената идеја за двојни предни светла. Исто така, бидејќи пристигна Скала, новата Октавија би можела да стане уште потешко достапна. Поставена на МОБ платформата лесно би можела да го достигне нивото на кое до неодамна беше Пасат.
На 11. ноември ќе можеме да ја видиме новата Октавиа, а потоа ќе дознаеме кога доаѓа караванот, Скаут и РС изведбите. Кога станува збор за моторите, со стандардните бензинци и дизели, треба да биде подготвен и за хибридните опции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕШКАТА ЈОГА ГО ЗАГУДЕЛА СВЕТОТ – ГУРУ ВО ГАЌИ: Бил милионер, армија жени го обожувале, а потоа се открило дека крие МРАЧНА ТАЈНА!

Бикрам Чудури некое време бил чудо во светот на јогата. Милиони низ целиот свет, претежно …