Дневен хороскоп за сабота, 19.10.2019:Овој ден е резервиран за семејството, мирот, интимните моменти кои сакате да ги минете со луѓето кои најмногу ги сакате – да ги покажете своите емоции и грижа за саканите!

Стрелец
Работа
Јасно ви е дека некој ги загрозува вашите деловни интереси, но вашите напори немаат позитивен ефект. Мора да ја прифатите неповолната ситуација која ви ја наметнуваат вашите соработници. Користете ја вашата интелигенција или некои скриени адути.
Љубов
Во врска со саканата личност, можете мудро и на заобиколен начин да ги остварите вашите љубовни намери.
Здравје
Алергии
Јарец
Работа
Ако ви недостасуваат сигурни информации за деловни можности, не давајте непромислени ветувања, туку барајте нечија интервенција и медијација. Сите проблеми полесно се решаваат со нечие присуство.
Љубов
Бидете нежни и имагинативни доволно пред љубовниот партнер. Препуштете се на вашите чувства и емоционална инспирација.
Здравје
Проблеми со кожата.
Водолија
Работа
Ако некој ги критикува вашите деловни идеи, покажете доволно слух и прифатете корисен совет. Важно е да го подобрите вашиот деловен рејтинг и да се прилагодувате на своите соработници.
Љубов
Кога се среќавате со некој близок, почитувајте го меѓусебниот договор. Потребно ви е туѓо друштво и добро емоционално поттикнување.
Здравје
Добро се чувствувате.
Риби
Работа
Ако сте доволно искрени или одговорни за она што го правите, не дозволувајте да ве поколеба нечија чудна приказна. Постапете според својата совест затоа што е важно да го почитувате заедничкото разбирање.
Љубов
Подобро да прифатите некоја утешна варијанта иако тоа не е својствено на вашиот карактер и темперамент.
Здравје
Болки во мускулите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 13.08.2020: Не дозволувајте сомнежот или незадоволството да преовладува во вас…

Овен Љубов: Во односот со саканото лице, промените се неизбежни. Нема причина да се криете …