Што правеле Зидан и Погба во Дубаи: Солскер тоа не сака да го знае!

„Не станува збор за нелојалност“, рекол норвешкиот менаџер на Јунајтед.
Норвежанецот Оле Гунар Солскјер ги негираше шпекулациите за иднината на клучниот играч на „црвените ѓаволи“, Пол Погба, откако бил забележан со неговиот сонародник и тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Погба бил снимен со средба со Зидан за време на меѓународната пауза во Дубаи, за време на рехабилитација.
Менаџерот на „Лос Бланкос“ одвоил извесно време да се сретне со играчот од средниот ред, откако одржал предавање на конференцијата за вештачка интелигенција во спортот (ДАИС).
Пред големата пресметка против Ливерпул во неделата, Солскер ја коментирал средбата на Погба со главниот тренер на Реал Мадрид.
„Јас воопшто немам проблем со тоа. Погба во дресот на Јунајтед секогаш дава се од себе. Не станува збор за нелојалност“, рекол менаџерот на Јунајтед на конференцијата во петокот.
Неговиот тим освои само девет поени по осум одиграни натпревари од новата сезона и Ливерпул ќе биде апсолутен фаворит во најголемиот англиски дуел, со и без Погба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ШОКАНТНО – МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК РЕШЕНА ВО ЈАПОНИЈА: Долго се верувало дека станува збор за легенда, а потоа е пронајден ДОКАЗ!

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северноатлантскиот океан, каде …