(ФОТО) Сопругата на Меси го привлекла вниманието со деколте до папок!

„Ти честитам. Заслужуваш и повеќе од ова. Многу сум горда на тебе што ја освои шестата Златна копачка“, напишала Антонела на Инстаграм. Обожавателите му испраќале честики, но го коментирале и фалеле изгледот на Антонела.
На доделувањето на годинешната Златна копачка, Лео Меси (32) ја повел и сопругата Антонела Рокузо (31) и синовите Матео (4) и Тиаго (6). Децата биле воодушевени со манифестацијата, а Антонела посебно се „средила“ за пригодата на која нејзиниот сопруг освоил златна копачка.

Облекла црн комбинезон и имала деколте од папокот, а фотографијата со семејството ја објавила на социјалните мрежи.
„Ти честитам. Заслужуваш и повеќе од ова. Многу сум горда на тебе што ја освои шестата Златна копачка“, напишала Антонела на Инстаграм.Обожавателите му испраќале честики, но го коментирале и фалеле изгледот на Антонела.

Парот се запознал преку Лукас, роднина на Антонела, кој бил најдобар другар и пријател на Меси во детството. Роднините често си играле, а понекогаш им се придружувала и Антонела. Својата врска ја криеле и никогаш не кажале кога ја почнале врската, а јавноста за нив дознала во 2008. година.

Лео и Антонела се венчале во јуни 2017. година во Аргентина и имаат три деца. Првиот син се родил во 2012., а во 2015. вториот. Во февруари 2018. година го дочекале своето трето дете,повторно син кого го нарекла Чиро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕШКАТА ЈОГА ГО ЗАГУДЕЛА СВЕТОТ – ГУРУ ВО ГАЌИ: Бил милионер, армија жени го обожувале, а потоа се открило дека крие МРАЧНА ТАЈНА!

Бикрам Чудури некое време бил чудо во светот на јогата. Милиони низ целиот свет, претежно …