(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што станала хит на популарната страница „Dnevna doza prosječnog Dalmatinca“.
„Поздрав неандерталци! Ако не знаете за култура на живеење во зграда вратете се во пештерата и еволуирајте и таму чукајте по цел ден по ѕидовите“, пишува на хартија која некој ја залепил за стакло.

Фотографијата добила неколку илјади лајкови, но и го поделила мислењето на фановите на страницата.
„И во мојата зграда човек со денови чука, буши и удира бидејќи го реновира станот. Стави известување за станарите и замоли за трпение. Внимава да не чука рано наутро и доцна навечер, прави пауза и после ручек па тука не гледам никаков проблем….не може да се реновира без бучава. Кој тоа не го разбира и не го толерира тој не би требало да живее во град и во станбена зграда…нека оди некаде во природа, на осама, можеби таму ќе најде некаква пештера и свој мир. Животот во град носи и предности и мани. Мораме да знаеме а се вклопиме во тоа“, е коментарот кој добил најмногу лајкови.
Но, многу други се жалеле дека луѓето се’ помалку се придржуваат до куќниот ред. „Но, исто така имаш сељачишта кои тропаат дење и ноќе и ги боли к….за се“ е една од реакциите.
„Секоја чест. Не знам како било кај другите но кај нас во зграда сите мораме да запреме од два до пет попладне. Наутро би се работело од осум до два, па пауза и потоа од пет попладне до девет навечер. И тоа отсекогаш се почитувало. А сега, како резерват на примати“, е уште еден коментар.
Што доведува до заклучок дека живеењето во зграда, барем тука на Балканот, никаде не е лесно – ниту во Сплит кој припаѓа на Европската унија ниту пак кај нас, во Македонија. Се’ зависи од соседите а не каде си.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Овие хороскопски знаци секогаш се борат за правда

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …