Приказна која ќе ви ги скрши срцата: 11. пати забременила и 11. пати имала спонтан абортус

Саманта Роу од Мелбурн била бремена 11. пати, и тоа со три сина, Купер, Хадсон и Ноа, близначките Зои и Ема и уште шест бебиња…
Секоја бременост резултирала со повеќе спонтани абортуси но и мртвородени бебиња, најчесто околу 21. недела.
Саманта и нејзиниот партнер Пол Лајонс минале шест години во ист циклус: позитивен тест на бременост, јаки отчукување на срцето на ултразвук, среќа, стомак што расте, а потоа се’ би завршило во болки, патување во болница и разорната вест дека на бебето повеќе не му чука срцето.
40.годишната Саманта и Пол храбро проговориле за своите губитоци и споделиле приказна со надеж дека и другите парови во истата ситуација ќе сфатат дека не се сами.
Саманта и Пол првпат откриле дека ќе станат родители во февруари 2014. година. Во исто време биле шокирани и пресреќни.
„Од младоста сакав да станам мајка. Сакав да се омажам и да родам деца“, раскажала Саманта.
Меѓутоа, во 21. недела на бременоста Саманта почнала да чувствува страшна болка. Два пати била на лекар и два пати ја испратиле дома, после што поради тромб завршила во болница. Одеднаш и пукнал воденјакот и започнало породувањето.
„Почувствував нешто помеѓу нозете и вреснав, а госпоѓата која ја делеше собата со мене веднаш повика помош. Моето дете се роди мртво“, се присетила Саманта.
Таа признала дека поради шокот одбила да го земе во раце Купер и да го стави на градите,а поради таа одлука денес жали.

Бебето Хадсон е родено после 19. недели и шест дена
Саманта и Пол повторно забремениле и требало да го дочекаат својот син. Меѓутоа, бебето исто така се родило мртво.
Близначките Ема и Зое ги загубиле после само 15. недели
После два девастирачки губитоци Саманта повторно останала бремена. Дознале дека ќе станат родители на близначки, а бременоста се водела како високо ризична бидејќи бебињата делеле иста постелка.
Во болницата и советувале да ја прекинат бременоста, меѓутоа тие одлучиле да се обидат верувајќи дека сценариото ќе биде поинакво. Срцата повторно им биле скршени кога срцата на Ема и Зое престанале да чукаат во 15. недела на бременост бидејќи се сплеткале папочните врцки.
Иако имале толку губитоци не можеле да се откажат од сонот да станат родители.
14. месеци, повеќе абортуси
Секој пат кога ќе загубеле бебе тоа ги терало повторно да се обидат.
Парот по четврти пат забременил помеѓу октомври 2016. и декември 2017. Секоја бременост завршувала со абортус.
Бебето Ноа е родено во 21. недела
Саманта уште еднаш дознала дека е бремена. Овојпат носела момче.
„Бевме пресреќни и дефинитивно мислевме дека ќе ни успее со ова детенце. Бевме сигурни дека тоа е нашето чудо“, рекла Саманта.
Во 21. недела ја почувствувала добро познатата болка, меѓутоа, на Брза помош, и рекле дека бебето е добро и дека може да си оди дома. Следното утро во 06.30 часот се разбудила и на свет донела мртвороденче.
„Низ солзи говорев дека сакам само едно бебе кое е живо, само едно“, се присетила Саманта.
После смртта на Ноа, Саманта и Пол продолжиле да се обидуваат. Забремениле уште два пати, и двете бременост завршиле со спонтан абортус. Сега се подготвуваат за нова бременост, со помош на донатор на јајни клетки, и не престануваат да веруваат дека сонот конечно ќе им се оствари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЖИВОТОТ УМЕЕ ДА БИДЕ СУРОВ: Додека таа раѓала во соседната соба нејзиниот сопруг умирал…

Американката Келси Фергусон (31) лежела во болница поради индуцирано породување откако на нејзиниот сопруг предоцна …