(ВИДЕО) ЛУДА МАЈКА – ДЕЦАТА ВРЕСКААТ, МАЈКАТА ЛЕЖИ СО ПРОБОДЕН ЈАЗИК: Децата никогаш нема да и ја заборават оваа сурова шега!

Мајка со доста откачена смисла за хумор смислила како на своите деца да им приреди незаборавна шега. И’, успеала во тоа,а децата сигурно никогаш нема тоа да и го заборават.
Што направила оваа жена?
Набавила лажен јазик и низ него протнала ножици. Потоа тој јазик го ставила меѓу усните, ја вклучила камерата и легнала на подот, таман пред децата да се вратат од училиште. Прво влегло момчето и по инерција тргнал да види зошто мајка му лежи, а кога ги видел ножиците зариени во јазикот почнал да вика.
„Извади ги, извади ги“, викало детето низ плач додека мајката фолирант божем не можела да говори и му пишувала порака…
Тогаш влегла и ќерката која уште повеќе почнала да прави паника. Во тој момент мајката го тргнала лажниот јазик и почнала да се смее.„Ќе те убијам мамо. Е** се“, и излетало на девојчето додека мајка и се гушела од смеење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЖИВОТОТ УМЕЕ ДА БИДЕ СУРОВ: Додека таа раѓала во соседната соба нејзиниот сопруг умирал…

Американката Келси Фергусон (31) лежела во болница поради индуцирано породување откако на нејзиниот сопруг предоцна …