(ВИДЕО+ФОТО) ДОКУМЕНТАРЕЦ КОЈ ГО МЕНУВА ЖИВОТОТ – СНИМЕН ФИЛМ ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ МЕСО: Ѓоковиќ, Луис Хамилтон, Џеки Чен и Шварценегер откриле дека челичните мускули се докажано 35% подобри отколку кај другите спортисти – Еве што јадат и како го ОСВОЈУВААТ СВЕТОТ!

Арнолд Шварценегер во трејлерот предупредува дека „не мора да значи дека сте вистински маж ако јадете месо“, како што се рекламира, но дека тоа е само маркетинг.

“Овој филм е многу инспиративна за мене, и лично и професионално. Јас сум горд што сум дел од овој тим”, напишал на својот профил на Твитер, Ѓоковиќ откако бил пуштен трејлерот за документарниот филм.

Инаку, Новак често зборувал за својата исхрана и често бил критикува дека треба да „јаде месо“, пред се заради фактот дека тој е професионален спортист. Сепак, тој не го послушал советот, а неговите резултати на тенискиот терен се јасен знак дека тој со овој начин на исхрана го извлекува својот максимум.
Исто како и другите спортисти кои се појавуваат во новото остварување, а на кои им помогнала веганската исхрана за да постигнат врвни резултати, исхраната на Новак се базира на внес на протеини од растенија. Спортистите кои сега вака се хранат тврдат дека имаат повеќе енергија, и иако првично постоеле стравувања, тие се чувствуваат како „машини“.

Филмот ја следи приказната за поранешниот ултимат борец Џејмс Вилкс, тренер за специјални единици и победник на натпреварот „Ултимат фајтер“, кој патува низ светот за да ги открие тајните за месото, протеините и силата. Тој интервјуира познати личности од сите сфери на животот, за исхрана заснована на растенија и сите придобивки што ги носи овој животен стил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …