„Јавна соба“: Тридневен базар на ракотворби „Ехо на минатото, крик во сегашноста“

Под мотото „Ехо на минатото, крик во сегашноста“ од 17. до 19 октомври во „Паблик рум“ ќе се одржи базар на ракотворби во организација на Институтот „Креативна Македонија“.
Целта на овој базар, како што соопшти тимот на „Креативна Македонија“, е да се запознаеме со нашата традиција и култура, претставена преку рачните изработки на талентираните креативци.
Да поттикнеме интерес и љубов кај нашиот подмладок, но и сето ова да им го претставиме на странските гости и добронамерници, кои би станале најголеми промотори на нашата земја, што би придонело за промоција на културниот туризам, стои во соопштението.
Креативците во име на хуманоста донирале свои производи, кои ќе се продаваат на еден штанд, а сите собрани средства одат за лекување на Јана од Охрид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина легендарната радиоактерка Таска Балабанова

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, со …