(ФОТО) СОНУВАЛ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО: „Се одлучив за љубов, омразата е преголем товар“ – Најјаките цитати на Мартин Лутер Кинг

Нобеловецот и активист за човекови права остави огромен белег на историјата, а неговите цитати и денес сè уште носат иста тежина…
Мартин Лутер Кинг беше борец за граѓански права во текот на 1950-тите и 1960-тите. Тој водеше ненасилни протести и се бореше за правата на сите граѓани, без оглед на расата.
Бил прогласен за еден од најдобрите говорници, неговите говори и цитати и денес сè уште носат иста тежина и сила.
Неговите мудри идеи ги сменија животите на многумина, продолжувајќи да живеат до ден-денес. Еве како тој зборуваше:

За љубовта:
„Темнината не може да ја избрка темнината, само светлината може да го стори тоа. Омразата не може да ја оддалечи омразата, само љубовта може да го стори тоа“.
„Љубовта е единствената моќ што може да го претвори непријателот во пријател“.
„Одлучив да се држам до љубов. Омразата е преголем товар за рамо“.

За верата:
„Вера е кога ќе го превземете првиот чекор, иако не го гледате целото скалило“.
„Ние мора да прифатиме разочарување, но никогаш не смееме да ја напуштиме бескрајната надеж“.
„Да се биде христијанин без молитва не е можно повеќе отколку да се биде жив без дишење“.

За животот:
„Постојаното и најважното животно прашање е: Што правите за другите?“
„Човек кој не е подготвен да умре за нешто, не е ни подготвен да живее“.
„Нашите животи започнуваат да завршуваат денот кога ќе започнеме да молчиме за важните работи“.
„Секогаш е добро време да се направи она што е правилно“.
“Ако не можете да летате – трчајте, ако не можете да трчате – одете, ако не можете да пешачите – ползете, но што и да правите – мора да се движите напред!”
„Не е најголема трагедија да умреш млад, туку да се доживее 75. без да искусиш ништо“.
„Лагата е како грутка снег: колку подолго се тркала, толку е поголема, но кога застанува, се топи“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЖИВОТОТ УМЕЕ ДА БИДЕ СУРОВ: Додека таа раѓала во соседната соба нејзиниот сопруг умирал…

Американката Келси Фергусон (31) лежела во болница поради индуцирано породување откако на нејзиниот сопруг предоцна …