„Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“- едукативни работилници и проекции на филмови за деца

Регионалната платформа Балкан Синема Ситис (БСС) во соработка со неколку Центри за култура и фестивалот „Џифони Македонија“ месецов организира неколку едукативни работилници и проекции на филмови за деца во рамките на проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“.

Во рамките на проектот утре (четврток) во 12 часот во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар ќе биде прикажан детскиот филм „Магичното огледало – двоја неволја“.

Филмот беше претходно прикажан во рамките на фестивалот „Џифони Македонија“, а до крајот на месецот, поточно на 29 октомври ќе игра и во Центарот за култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци на 29 октомври.

Во рамките на „Џифони Македонија“ беше орджана првата работилница под наслов „Готвиме филм“

за деца од 10 до 14 години заедно со готвачот Давор Панчевски (Dave’s Kitchen).

Проектот вклучуваше уште една работилница под наслов „Сликаме филм“ која се одржа во Струмица под менторство на ликовниот уметник Љубомир Арнаудов. Во рамките на работилницата децата ја цртаа омилената филмска сцена во различни техники.

Проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“ е оригинален концепт кој има за цел децата да се инспирираат да го развиваат својот креативен мускул. Идејата е да се развива креативноста и да се создадате можности за стекнување на филмска писменост применлива во секојдневниот живот и развивање однос кон филмската уметност преку игра. Преку гледање на филмот и потоа дискусија, децата ќе учат како да го проследат филмското дело и да го препознаат жанрот, како и некои елементи во филмот. Сите настани се распределени во повеќе градови, односно повеќе региони во Македонија со цел што повеќе деца од различни региони да имаат можност да ја развиваат креативноста. Сметаме дека ова е важна иницијатива за развој на публика. Филмската едукација почнува кај најмладите со цел да ги инспирира и да ги обучи да продолжат да учат за филмот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.М. во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина легендарната радиоактерка Таска Балабанова

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, со …