ПОУЧНА ПРИКАЗНА КОЈА РАСПЛАЧУВА: На инсистирање на сопругата ја однел својата мајка на вечера…а потоа добил порака!

Понекогаш во животот не умееме да ги поставиме приоритетите поради кои подоцна ни е жал…
Приоритетите во смисла дека почесто треба, на лицата кои ни се важни да им кажеме „те сакам“, или „важно ми е што се видовме“…
Приказната од животот на еден анонимен маж говори токму за еден таков однос:
-По 21 година брак, мојата сопруга сакаше на вечера и кино да отидам со друга жена. Ми рече: Те сакам, но знам дека таа друга жена те сака и би сакала да помине време со тебе.
Таа друга жена со која мојата сопруга сакаше да ја поминам вечерта беше мојата мајка, која беше вдовица последните 19. години, но поради работа и обврски околу трите деца, се гледавме премногу ретко.
Таа вечер и се јавив да ја поканам на вечера и кино.
„Што не е во ред, дали си добро?“, ме праша. Мојата мајка мисли дека доцните телефонски повици се некое изненадување или знак за лоши вести.
„Мислев дека е добро да поминам некое време со тебе. Само ние двајца“,и одговорив.
Размислуваше само еден момент и веднаш одговори: „Многу би сакала“.
Тој петок после работа, додека возев кон неа, бев малку нервозен. Кога дојдов до куќата, забележав дека и таа е малку нервозна поради нашиот состанок. Чекаше зад вратата со капут на себе. Косата и беше средена и го носеше фустанот со кој беше на последната прослава на годишнината од бракот. Се насмеа, а лицето и изгледаше како на ангел.
„Им кажав на пријателите дека ќе излезам со својот син, а тие беа љубоморни и крајно заинтересирани. Едвај чекаат да слушнат како сме поминале“,ми рече додека влегуваше во автомобилот.
Отидовме во ресторан кој не беше крајно елегантен, но убав и удобен. Мојата мајка ме држеше за рака, а кога седнавме морав да го прочитам менито, затоа што можеше да ги види само големите букви. Кога стасав до средина, го кренав погледот, а мајка ми гледаше директно во мене. На лицето имаше носталгична насмевка.


„Јас на тебе ти го читав менито додека беше мал“, ми рече.
„Тогаш е време да се опуштиш и да ми дозволиш да ти ја вратам услугата“,брзо и одговорив.
Во текот на вечерта имавме интересен разговор, за ништо посебно, зборувавме за многу работи кои се случиле во последно време. Зборувавме и го пропуштивме дури и филмот. Кога дојдовме кај нејзината куќа ми рече: „Ќе излезам пак со тебе, но само ако ми дозволиш јас да те поканам тебе“. Се согласив.
„Каква беше вечерата“,ме праша сопругата кога дојдов дома. „Многу убава. Многу повеќе отколку што очекував“,и одговорив.
Неколку денови подоцна, мојата мајка почина од силен срцев удар. Тоа се случи толку брзо, што не можев да сторам ништо за неа. По некое време добив порака со сметка од истиот ресторан во кој бев со мојата мајка. Пораката гласеше:
„Ја платив сметката однапред. Не бев сигурна дали ќе бидам таму, но платив вечера за двајца. За тебе и твојата сопруга. Не можеш да замислиш колку ми значеше таа вечера. Те сакам сине“.
Во тој момент сфатив колку е важно да кажеме „те сакам“ на време и да го посветиме своето време на луѓето кои заслужуваат. Ништо во животот не е поважно од родителите. Дајте им го времето кое го заслужуваат, затоа што тоа не може да се одложи за некое друго време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …