(ВИДЕО+ФОТО) ИНАЕТ – ОВА Е ЕДНА ОД НАЈТЕСНИТЕ ЗГРАДИ ВО СВЕТОТ, а приказната зад неа е потполно луда: Изградена е за да еден брат му се освети на другиот!

Сите еднаш сме виделе дека зградите никнуваат една до друга,така што можете да го гледате вашиот сосед од прозорецот во кујна или бања, но мулти-катната зграда во Бејрут е особено привлечна.
Оваа зграда, која инаку се смета за најтесна во овој град, не е таква заради недостаток на простор и желба да се користи секој сантиметар, туку од една сосема друга причина – поради инает!

Изградена е во 1950-ттите години на земјиште кое двајца браќа што ги наследиле од нивниот татко. Како да не било доволно што тие не можеле да се договорат за изградбата, туку работата станала покомплицирана откако дел од земјата бил одземен од градската власт.
На крајот, тие останале со парче земја во чудна форма веднаш до улицата.
Еден од наследниците, на кого му бил даден овој несреќен дел, изградил тесна зграда за да му се одмазди на неговиот брат кој подобро поминал, ши така му го блокирал погледот кон морето, но и ја намалил вредноста на земјата.

Зградата, која локалното население дури ја нарекува „Инат“, е широка само 60 сантиметри во најтесните места и широка околу 4. метри на најшироката точка. Висока е 14. метри и има два апартмани на секој кат.

Долго време служела како бордел, а потоа станала прибежиште за бегалците што избегале од војната. Денес во неа никој не живее, но е потсетник за глупавата верзија и на принципот „ако јас немам нема да имаш ниту ти“. Сопствениците не планираат да ја срушат бидејќи ќе биде тешко да се најде нова намена за толку мал простор.

Екран.мк
Фото: Youtube/Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Јапонец одлично заработува, има илјадници клиенти а ништо не работи!

Шоџи Моримото работел во издаваштвото некое време, но сега заработува со тоа што други луѓе …