(ВИДЕО) ЖЕНА РОДИЛА БЕБЕ ТЕШКО 6. КИЛОГРАМИ: Луѓето не веруваат дека станува збор за новороденче!

ЖЕНА од Астралија своето новородено девојче го нарекла „малечка сумо борачка“ бидејќи на свет пристигнала со 5,88 килограми.
Ема Милер минатата недела ја родила ќерката Реми Френсис Милар и вели дека таа и нејзиниот партнер Даниел очекувале големо бебе, но не баш толку. Приказната да биде поинтересна, девојчето не издржало до терминот, туку е родено со итен царски рез.
Парот од Сиднеј веќе има две деца, а и двете имале натпросечна тежина при раѓањето. Двегодишната Вилоу била тешка 5,5 килограми, а четиригодишниот Ејс со 3,8 килограми, а просечната тежина на новроденче во Австралија е 3,3 килограми.
„Имав гестациски дијабетес па очекував големо бебе, но не се надевав на ова. На прегледот на ултразвук во 35. недела ми рекоа дека има околу 4. килограми, па не мислев дека може толку да порасне, со тоа повеќе што воденјакот ненадејно ми пукна, поради што имав царски рез. Мислам дека тоа е и подобро бидејќи се сомневам дека би го поднела вагиналното породување“, изјавила Ема за Nine News.

Семејството сега забрзано купува нова облека бидејќи се што подготвиле е премногу малечко за нивната ќерка.
„Кога ќе ме видат со неа, сите луѓе, бабици, родители и посетители во болницата, прашуваат колку е стара бидејќи не можат да поверуваат дека е новроденче“, вели тато Даниел.
Ема се опоравува од царскиот рез и не смее да крева повеќе од шест килограми што значи дека сеуште не е подготвена детето да го држи во раце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …