(ВИДЕО) СЕСТРИНСКА ЉУБОВ: Девојчето кое ја чека својата сестра од училиште „топи срца“!

ПОСТОИ ли нешто послатко од сестринска и братска љубов?
Џенифер Боргет, мајка со три деца на својот профил на Фејсбук често објавува преслатки снимки од своите деца, а последната станала вирална.
Имено, ја снимила својата едногодишна ќерка како стои во дворот и гледа во далечина. Кога ќе го види училишниот автобус, ги шири рацете, поскокнува, а потоа трча бидејќи знае дека нејзината постара сестра се вратила од училиште.
И’ постарата сестра и потрчала во пресрет на сестра си, ја фрлила школската ташна, па силно ја прегрнала и подигнала.

The best part of my day 😍. Wait for it…

Gepostet von Jennifer Borget am Mittwoch, 9. Oktober 2019

Видеото станало вирално и е прегледано скоро 2,5 милиони пати, а споделено е 63. илјади пати.
„Ова е толку слатко“, „Ова е најубава работа која ја имам видено оваа недела“, „Моето срце се растопи“, биле само некои од коментарите.
Видеото, сите ги воодушевило,некои дури толку што веднаш посакале да имаат сопствени деца.
„Кога ќе го видам ова видео веднаш посакувам да имам деца“, напишала една жена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОЛКУ ОРЕВИ, А КОЛКУ ДРУГИ ЈАТКИ ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ДНЕВНО: За максимална корист!

Јатките се важен дел од здравата исхрана, заедно со свеж зеленчук и овошје. Ниту една …