(ФОТО) НЕОЧЕКУВАНА БОЛЕСТ ЗА ПОЗНАТАТА ГЛУМИЦА – Не знае што и се случува: „Пред 2. месеци кога се разбудив доживеав ШОК!“

Кристен Бел ја дознала шокантната вест за нејзиното здравје кога нејзиниот лекар и рекол дека се разболела од целијаклија.
„Се разбудив пред два месеци и дознав дека постои оваа болест. Не знам што се случува“, рекла Кристен.
Таа побарала помош од хомеопатски лекар што работи на спој на источна и западна медицина.

“Таа ми рече дека имам генетски маркер за целијачна болест. Ја прашав што мисли. Сè што јас јадев беше багет”, рекла актерката.
Таа го оправдала внесот на јаглени хидрати од потребата и обврската да научи 11. страници текст на ден, што не може да го направи ако јаде спанаќ и пилешко цел ден. Затоа и најмалата индикација дека таа ја имала оваа болест звучела ужасно. Тоа ја направило многу нервозна.

Целијачна болест е автоимуно нарушување кога имунолошкиот систем е претерано чувствителен на глутен, протеин кој се наоѓа во пченица, ‘рж и јачмен. Преголемата активност на имунолошкиот систем предизвикува воспаление кое доведува до сериозни несакани ефекти во организмот.

Нејзиниот сопруг Дакс Шепард исто така има автоимуно заболување, псоријатичен артритис и знае дека има проблем со глутен. Бидејќи не бил доследен во забраната да го внесува во организмот, целото семејство сега се храни со храна без глутен.

Кристен не е единствената 39-годишна жена што има алергии во зрелоста во нејзиниот живот. Лекарот и открил дека многу алергии прво можат да се појават во доцните триесетти години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …