Никој не може и не смее да ги оспорува вокалните квалитети на Тамара Тодевска – едноставно НЕ СМЕЕ – бидејќи нема што да се замери или забележи, но тоа не и дава за право, со своите постапки, да ја губи подршката од љубителите на музика во татковината.
Тивко, онака тајно, без никакви најави „Макфест“ ја „провлече Тамара“ со шоу програма – никаде немаше најава, ниту на веб страната на Макфест ниту на нивната страна на Фејсбук – срамно!
Дали „Макфест“ се срами од пејачката на која и даваат да има шоу програма на финалната вечер или пак станува збор за бламот што си го дозволи Тамара Тодевска со изведувањето на македонската химна на Денот на САД…
И таа молчеше и никаде не објавуваше дека ќе има шоу програма на „Макфест“…
„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема?, и одговорив. 😁
Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија“, напиша Тамара Тодевска на нејзиниот профил на Инстаграм вчера, неколку часа пред шоу програмата.
Не веруваме дека не знаеше дека ќе има шоу програма бидејќи имаше одлично подготвена програма, со бенд, во живо…Нешто што се вежба со денови и недели па не знам колку да сте уиграни, а пред шест дена беше во Мадрид каде ја прими наградата за „Најдобар вокал во живо“ на „Евровизија 2019“…
Никој не може и не смее да ги оспорува вокалните квалитети на Тамара Тодевска – едноставно НЕ СМЕЕ – бидејќи нема што да се замери или забележи, но тоа не и дава за право, со своите постапки, да ја губи подршката од љубителите на музика во татковината.
Погледнете го нејзиниот настап пред 28. години со Маријана и Росана: