(ВИДЕО+ФОТО) НЕМА ПОДОБАР ВО ОВОЈ МОМЕНТ ВО СВЕТОТ: Титулата во Шангај за Медведев

Данил Медведев е шампион на Шангај! Рускиот тенисер во големото финале го совлада Александер Зверев со 6:4, 6:1.

Медведев играше шестото последователно финале, освојувајќи ја својата четврта титула оваа сезона. Русинот триумфираше на Турнирот во Серија 1.000 по втор пат во својата кариера, откако неодамна го крена трофејот во Синсинати.
Тоа беше и прва победа на Медведев во дуелот со Зверев.
Русинот покажа позрела игра од ривалот, тој играше побезбедно и се чинеше поподготвен. Од друга страна, Германецот само ја покажа играта која што се очекуваше од него, во клучните моменти направи грешка, па не можеше да парира на противникот кој беше во налет.
Нема да застане тука Медведев, бидејќи е пријавен на турнирот во Москва, кој започнува уште во понеделник.

Медведев влезе порешително во мечот и со брејк стигна до 3: 0. Тој ја контролираше состојба на теренот, доминираше во размените, така што Зверев немаше многу шанси. На средина на сетот, Германецот успеа да го крене нивото на игра и да му парира на ривалот. Шестиот носител ја презеде иницијативата и изедначи на 3:3. Сепак, по голема борба понатаму, Медведев направи новбрејк во десеттиот гем што му го донесе сетот. Исто така, му помогна и неговиот противник, со две двојни грешки при сервисот.
Тоа му даде дополнителна самодоверба на четвртиот играч во светот. Иако веќе се соочи со брејк топка во првиот гем, тој успеа да се извлече од незгодната ситуација и потоа да направи фантастична серија. Колку повеќе беше нервозен Зверев, толку повеќе грешеше, па Русинот направи два брејка за 5-0. Германецот зема само еден гем во вториот сет а Медведев рутински го донесе мечот до крај Медведев, кој го заврши со ас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …