(ФОТО) СРАМНО И ДЕГУТАНТНО: Кујната на „МАКФЕСТ“ најдобра во Штип – имаат ли барем малку ОБРАЗ И СРАМ!

Не, не ни се веруваше кога ги видовме резултатите по гласањето на публиката во салата и жирито (патем ги сфати ли некој правилата за добивање на оние фамозни бројки зад секој изведувач…) кои потоа носат во финалето или дома…
Кога некои луѓе ќе сфатат дека со сила не бива убавина? Точно така – со сила не бива убавина…
Втората вечер на „Макфест 2019“ донесе ново разочарување, нови бламирања со песни, лошо пеење, украдени мелодии, повторувани песни…и така можеме до бескрај, бидејќи најстариот фестивал во Македонија оваа година е ЧИСТ СРАМ!

 

Никој од организацијата не може да се изземе – ниту уметничкиот директор – Владимир Дојчиновски кој нарача 20. песни кои би требало да го подобрат квалитетот на фестивалската продукција, ниту техничкиот директор Кирил Панајотов кој не требало да дозволи вакво бламирање на „Макфест“, или пак за се одлучува некој ТРЕТ?
Како и да е непојмливи се резултатите од втората фестивалска вечер и бројките зад изведувачите кои се пласираа во финалето.

Па тоа е најблаго кажано катастрофа и бламирање.Погледнете кој се пласира во финалето:

Поминаа песни со лоши изведувачи (да не кажеме не знаат да пеат), песни кои наликуваат на веќе слушнати ноти, композиции со застарени мелодии и лоша продукција, а некои со модерна продукција (на кои очигледно местото не им е на ‘Макфест’) останаа незабележани…Срамно!Особено кога се знае дека НЕКОГАШ овој фестивал беше престиж за секој автор и изведувач, но очигледно тие времиња се минато свршено време.

Бадијала блескавите најави, демек убавата сцена (не ни е јасно што е тоа толку убаво – веќе е видено и на локални прослави), фалбите за минатото на “Макфест“…а се соочуваме со катастрофа на музички план. И’ на авторски и’ на изведувачки…Чест на исклучоците, нема да ги именуваме да не делуваме навивачки, но вечерашната финална вечер веројатно нема да донесе ништо ново освен соопштување на наградите за „најдобрите“ и паричните сатисфакции од 5.000, 3.000, 1.000 за првите три авторски тимови и 500. евра за поединечните награди…


Претпоставуваме дека победници ќе бидат Драган Спасов Дац и Александар Митевски или, можеби, “Фрајле“ кои – господе боже каква вест – на македонски фестивал пеат на македонски јазик.
Ќе не радува ако случајно победи некој трет но тоа е нашата претпоставка…Колку сме во право а колку грешиме ќе видиме вечер!


Г. Оџакова
Фото: Макфест

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …