(ФОТО) Се појавиле детали за свадбата на Рафаел Надал: Гостите ќе доаѓаат со автобуси, а една работа е строго забранета

Венчавката е закажана на 19. октомври на Мајорка, во градот Поленса
Тенисерот Рафаел Надал и неговата долгогодишна избраничка Марија Франциска Перелјо Циска, (Maria Francisca Parerello Xisca),наредниот викенд ќе застанат на лудиот камен, а сега се појавија нови детали за гламурозната свадба.
Според странските медиуми, на гостите на свадбата на Надал и Марија, закажана за 19 ,октомври во Мајорка во градот Поленса, нема да им биде дозволено да ги носат своите мобилни телефони.

Сите вработени кои тој ден ќе работат на свадбата, ќе треба да потпишат договори за доверливост, бидејќи на тенисерот и Циска, како што идната г-ѓа Надал ја нарекуваат Шпанците, им е најважна приватноста и безбедноста.
Според странските медиуми, се очекува повеќето гости да доаѓаат со автобус, а многумина од нив ќе останат во локалните хотели за свадбениот викенд. 

Надал и Циска не побарале присуство на локалната полиција, а засега, на списокот на гостите нема политичари. Градоначалникот на Полензе за локалните медиуми изјавил дека не бил поканет на свадбата.

Повеќето од гостите ќе бидат семејство и пријатели, но се очекуваат и некои познати личности.
Рафаел Надал и Марија Франшиска Перелјо, попозната како Циска, се во врска од 2005 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …