(ВИДЕО) Некст тајм“ ја промовираше „Јовка Кумановка“

Како што најавија во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово „Некст тајм“ ја преработи песната „Јовка Кумановка“, а истата и официјално беше претставена со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во чест Денот на македонското востание – „11 Октомври“.

Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна. Овој пат изборот падна на „Прошета се Јовка кумановка“, која имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво.

Меѓу нивните последни музички проекти, Некст Тајм преработија неколку стари македонски традиционлани песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …