(ВИДЕО+ФОТО) ТЕШКА ОДЛУКА – МАЈКАТА НА ЧЕТИРИ ДЕЦА ДО ДЕТАЛ ЈА ИСПЛАНИРАЛА СВОЈАТА СМРТ: Знае што и се приближува и не сака да СТРАДА – „Ќе биде како што јас сакам!“

„Последното нешто што сакам на овој свет е да умрам, но тоа ќе се случи“, вели Хана Оливас (45) од Лас Вегас, која знае дека умира од мултипен миелом, редок карцином во крвта и точно знае како сака саканите да размислуваат за неа кога ќе ја нема.

„Сакам моето семејство да ме запомни како насмеана, весела, мирна личност која го сакаше животот. Мојот вид карцином е долга, болна смрт при страдање, па затоа треба да го прекинам животот пред да стане навистина лошо“, додала оваа мајка на четири деца и баба на две внучиња, на која е сопругот Џери (46) и е голема поддршка.

Gepostet von Jerry Olivas am Mittwoch, 14. August 2019

Џери е нејзината љубов од средно училиште, но животот во еден момент ги одвоил. Тие повторно се сретнале и започнале врска во 2013 година кога и двајцата биле повторно слободни и секој имал по четири деца од претходните бракови.
„Сето тоа се покажа како многу природно, како да продолживме таму каде што застанавме пред многу време. Ја запросив неколку месеци подоцна“, рекол Џери.
Хана опишала како се чувствувала пред ужасната дијагноза. Во тоа време била бремена, а потоа го загубила бебето. Цело време била уморна и ја болеле коските, но лекарот тоа го припишувал на депресија.

Gepostet von Jerry Olivas am Donnerstag, 10. Oktober 2019

Десет месеци после погрешната дијагноза, дошла онаа вистинската.Ракот и бил дијагностициран во 2017 година. Дури и тогаш предвидувањата биле тешки, тие предвиделе дека нема да живее подолго од три до пет години. Следните две години ги поминала на циклуси на хемотерапија во комбинација со други третмани.
На крајот, онколозите искрено и’ признале дека не можат да сторат многу за да го продолжат нејзиниот живот и дека има уште една година. Хана слушала мирно и решила дека сака да го заврши својот живот во време кога страдањето не ја надминува радоста на живеењето.
„Тоа треба да биде моја одлука, и само моја“, рекла таа.

Heading out for the night

Gepostet von Hanna Olivas am Samstag, 5. Oktober 2019

Кога ќе дојде тој момент, таа ќе го собере семејството околу нејзиниот кревет, ќе го истресе лекот во прав во чаша вода и ќе го испие. Од тоа, таа наскоро ќе заспие, и ќе поминат само неколку минути и таа никогаш повеќе нема да се разбуди. Ќе умре во рок од еден час.
Сепак, пред тоа, семејството ќе мора да се исели од Невада, каде што помогнатото умирање е нелегално, во Калифорнија затоа што таму на луѓето со смртно болно здравје им е дозволено да починат со медицинска помош.

Wild hair don't care off to NYC!!!

Gepostet von Hanna Olivas am Mittwoch, 9. Oktober 2019

Хана решила да не ја напушти Невада само така, без борба, бидејќи сметала дека има право да умре по свои услови. Од април, таа е активна во група на застапници за промена на законот за смртно болните за да им се даде на луѓето можност да умрат похумано. Предлог-законот не бил донесен во април, но ќе биде подготвен за реизбор во јануари, вели Хана.
Таа додава дека многу го очекува секој нов момент во животот. Таа работела како фризер и уметник за шминка и патувала низ цела Невада. Таа го поминува секој слободен момент со сопругот, спонтано излегувајќи од дома и минувајќи ги викенди на плажа.

Gepostet von Jerry Olivas am Dienstag, 3. April 2018

„Нашиот живот беше многу зафатен и јас бев многу возбудена што ќе следи следно“, рекла таа, и додала што планира да доживее пред да умре. Таа рекла дека сака да го проба највкусниот чизбургер во Њујорк, да се вози со метрото и да ги гледа мјузиклите „Wicked“ и „The Lion King“ на Бродвеј.
„Сакам да пливам со морски желки, да скокнам од авионот. Сакам да им помогнам на другите. Сакам да видам лек“, додала таа.
Таа открила и каде сака да стави крај на својот живот.
„Гледајќи во Тихиот океан. Водата е местото каде што наоѓам најмногу мир. Самата идеја е страшна, но не сакам семејството да ме гледа како страдам, ниту сакам да страдам.Ќе биде во мир и тоа е сè што можам да побарам“, рекла тивко.

Екран.мк/People
Фото: Printscreen/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …