(ФОТО) Tриумф за Македонија: Победа со 2-0 против Словенија – Елиф Елмас по втор пат излезе подобар од Јан Облак!

Со овој резултат, Македонската фудбалска репрезентација запиша важни три бода во седмото квалификациско коло за Европското првенство во 2020 година.

Елмас уште во првото полувреме даде гол, но беше поништен од страна на судиите, откако асистентот покажа сомнителен офсајд.
Елиф повторно блесна во второто полувреме, откако два пати ја погоди мрежата на Словенија, го совлада Облак и ја поведе Македонската фудбалска репрезентација во победа.

Фудбалската репрезентација на Македонија ја сподели со фановите победата, успехот и им се заблагодари за добрата игра на играчите и на фејсбук страната:
ТРИУМФ ЗА МАКЕДОНИЈА!
Македонската репрезентација славеше со 2:1 против Словенија
Каков ден!
„Момци, ви благодариме!“, напишаа од федерацијата.

На својата Фејсбук страна победата со навивачите ја сподели и Елиф Елмас:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …