Диета на славниот доктор Мозли: Без одрекување загубете 10. килограми за три недели!

Тој знае како на најбрз начин да се ослободи од сите дополнителни килограми
Д-р Мајкл Мозли открива план за исхрана кој ќе ви помогне да изгубите 5. до 10. килограми за три недели. Настрана од губење на тежината брзо, никогаш нема да се чувствувате гладни.
Диетата наречена „Fast-800“ (Брза 800) стана вистински хит. За време на оваа диета, треба да јадете 800. калории секој ден, но многу е важно да се има предвид видот на храната.
Лекарот за Daily Mail изјавил: „Следете го планот и за три недели ќе забележите драстична разлика. Покрај ограничувањето на калории, треба да следите уште неколку правила. Типот на храна што ќе ја изберете е исклучително важна“.
Течност
Дали знаевте дека многумина од нас се во постојана состојба на дехидрираност, потполно несвесни за здравствените ризици што ги носи? Ако не внесувате доволно вода во вашето тело, ќе станете побавни, летаргични и гладот ќе се појавува почесто.
Доволно внесување на течности ќе помогне да се задржи чувството на ситост подолго.
Масти
Досега ни беше кажано дека ако сакаме да изгубиме тежина, треба да се држиме настрана од маснотиите, а како одговор на тоа, прехранбената индустрија понуди низа диетални намирници. Сепак, стапките на дебелина продолжуваат да растат. Факт е дека добрите масти не се непријател на исхраната. Богатите моно-маснотии го потиснуваат апетитот, забавувајќи ја сбрзината со која се празни стомакот. За да подолго се чувствувате сити, изберете маслиново масло, ореви, мрсна риба и, во умерени количини, млечни производи.
Влакна
Цревата ќе работат како часовник ако внесувате соодветно количество влакна. Покрај тоа што помагаат да се зачува работата на цревата, тие влијаат и на вашето расположение. Покрај тоа, влакната ослободуваат хемикалија наречена “PII” што го намалува апетитот. За да не бидете гладни, земајте многу свеж зеленчук, житарки од цели зрна и мешунки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ШОКАНТНО – МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК РЕШЕНА ВО ЈАПОНИЈА: Долго се верувало дека станува збор за легенда, а потоа е пронајден ДОКАЗ!

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северноатлантскиот океан, каде …