(Вознемирувачко видео) ЗАГИНАЛ СРЕДЕ ГРАБЕЖ: Неспретен крадец, наместо банкомат, се разнел себе!

Тешката метална врата на влезот во собата одлетала на околу 10 метри
Неспретен крадец (37) од Русија во вторникот додека се обидувал да ограби банкомат во градот Чероповец се разнел самиот себе.
Тој загинал на лице место додека ставал импровизиран експлозив, а безбедносната камера ја фатила ненадејната детонација.
Полицијата најпрво соопштила дека неидентификуван човек починал кога експлозивот во „Збербанк“ го разнел него наместо банкоматот. Инспекторите подоцна започнале со потрага по соучесникот кој избегал. Исто така, од банкоматот не недостасувала ниту една рублја.

„Имаше гласна експлозија и звук на искршено стакло“, речкла жена, која живее во станбена зграда во која се случила експлозијата,за локалните медиуми, додавајќи дека сметала дека целиот објект ќе пропадне.
Ударот бил толку јак што тешката метална врата на влезот во просторијата каде бил банкоматот одлетала околу 10 метри.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РЕАКЦИЈА – Петар Ренџов до Шилегов: „Каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните?“

Ако градоначалникот Петре Шилегов мислеше дека тоа што Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани во …