(ВИДЕО) Мијата со кавер на „Бај бај“ од Драган Каранфиловски Бојс:„Емоционален времеплов и обврска!“

Станува збор за преработка на песната „Бај Бај“ која група „Буба Мара“ ја изведе на „Макфест“ во 1988 година.
Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата.
Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.
„Ова е прв пат да преработам македонска песна а токму оваа претставува за мене емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација“, вели Мијата.


„Бај Бај“
АУДИО
музика: Драган Каранфиловски – Бојс
текст: Драган Каранфиловски – Бојс
аранжман: Дамир Пух, Наташа Пух, MIYATTA
снимање, продукција, микс и мастеринг: Дамир Пух
гитари: Дамир Пух
усна хармоника: Александар Пешевски – Mighty Creation

ВИДЕО
режија: MIYATTA
директор на фотографија & дрон: Јован Лесански
асистент на камера: Мето Лесански
монтажа и постпродукција: Аце Бошковски
стајлинг: Моника Блажевска, Сара Реџиќ


Учествуваат:
Александар Пешевски/Mighty Creation – усна хармоника
Теодора Гошева – гитара
Андреа Мирческа – контрабас
и кучето Дарма

Благодарност до:
Софија Каранфиловска што се согласи на оваа авантура,
момците од Мелем продукција што ми ја овозможија локацијата,
Бојан Тодоровски (Urban Cleaning)
и сите учесници кои несебично придонесоа оваа верзија на Бај Бај да звучи и изгледа вака.
„Бај Бај“ оригинално беше изведена од група Буба Мара на Макфест ’88.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …