(ФОТО) ОТСЕКОГАШ ДИВА – Одамна знаеме дека Брена има слугинки дома, но нејзините вработени поради шокантен предлог од нeа избегале на Филипини!

Во последно време се зборуваше многу се пишува за важноста на слугите во куќата на Лепа Брена. Пејачката неодамна изјави дека не сака да губи време на домашни работи и дека е полесно да има некој да ги прави за неа.
“Мајка ми ме научи како да готвам, тоа беше задолжително. Морав да знам сè, сепак, сè што можа да платам не сакам да го работам. Ми се допаѓа убава поставена трпеза и некој да готви и донесе. Сè додека сум жив, ќе можам да си го дозволам тоа. Подобро ми е да ангажирам добар готвач, отколку да трошам време на нешто што ќе се изеде за половина час. Не морам да бидам најдобра и се да правам совршено“, заклучила Брена.
Во српските медиуми е познато дека Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ живеат во елитниот дел на Белград, на Бежаниска коза и дека со години одредена Ката, која станала практично член на семејството, готви за нив.

Но, една приказна посебно се истакнува кога станува збор за Брена и слугите, а се појавила во сите регионални медиуми како голем скандал пред осум години.
Поточно, Брена тогаш вработила еден брачен пар Филипинци за да и помогне во и околу раскошната палата и имотот. Жената готвела и чистела, а мажот се грижеше за градината. Го донеле и нивниот син, кој живеел во куќата, кој, наводно, станал многу близок со Брена и Боба.
Но, идилата била прекината кога парот се спакувал и заминал не само од вилата на Брена, туку и од Србија; прво кон Грција, а потоа назад кон Филипините. Причината? Брена сакала да го посвои нивниот син!
„Нејзината намера беше добра, таа веруваше дека ќе може да му обезбеди на момчето многу повеќе отколку што тие можат да направат, и никогаш нема да им забранува да доаѓаат да го видат или да поминат некое време со него“, изјавил анонимен извор.
Родителите на момчето биле во целосен шок по овој предлог така што експресно се спакувале и заминале откако работеле за нив три години.

Овие приказни започнаажле откако било објавено видео во кое момчето и се обраќа на Брена со „мамо“, а таа честопати раскажуваше како таа и нејзиниот сопруг се зближиле со целото семејство, особено со момчето.
На Брена тешко и паднало кога семејството се иселило, а момчето, наводно, страдало затоа што му недостасува пејачката.
Сепак, Лепа Брена никогаш не ги потврди овие обвинувања. Таа признала дека тешко се разделила од целото семејство.
„Кога дојде во нашата куќа, тој имаше две години. Кога имаше пет години, мораше да се запише на училиште и немаше српско државјанство и мораада се вратат на Филипините. Друга причина зошто заминале биле семејните проблеми поради кои биле растргнати. Имале болна мајка и болен татко и тие мораа да заминат на Филипините, така што, навистина, навистина многу тешко се разделивме “, рекла пејачката.

Таа исто така додала дека не е точно дека сакала да го посвои момчето, иако биле многу блиски.
“Ние многу го сакавме, тој беше бебето на кое се будевме. Се расправавме околу тоа кој ќе оди кај него, бидејќи сите сакаа да бидат близу до него. Но, вие не можете да посвоите дете кое е веќе посвоено и има родители, мене моите три деца ми се доволни. Едвај чекав да излезат од пелени и да се бавам со себе и да имам место за работа “, објаснила пејачката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Новинарска проекција на филмот „Врба“ пред повеќе од 80 медиуми од светот

Денеска, во Аудиториумот Парко дела Музика, каде се одвива третиот фестивалски ден на Римскиот филмски …