Дневен хороскоп за среда, 09.10.2019:Пред нас е убав ден – Ова е ден полн со елан и добра енергија во која ќе уживате доколку ја следите и наслушнувате!

Месечината оваа среда е во знакота на Риби, каде ќе влезе и во тригон со Венера. Со други зборови, убав ден е пред нас, во вистинска смисла на зборот. Изразена е креативноста, чувството на убаво, во помалку креативните души ќе се појави потребата со помош на професионална личност да го средат својот дом, а креативците во душа ќе бидат особено инспирирани да го променат светот околу нив и нивната околина. Ова е ден полн со елан и добра енергија во која ќе уживате доколку ја следите и наслушнувате.
Имајте убав ден!
Овен
Работа
Имате добри идеи и реална проценка, но не ја добивате доволно очекуваната поддршка во кругод на соработниците. Некој поставува погрешни прашања или има различни деловни интереси.
Љубов
Се грижите да разберете нечии емотивни намери, но има различни сигнали што ве збунуваат и оставаат чуден впечаток што не можете лесно да ги толкувате.
Здравје
Ќе уживате во излегување или спортска активност.
Бик
Работа
Големата упорност во моментов не носи целосно позитивен ефект во средбата со соработниците, затоа променете ги оригиналните тактики.
Љубов
Не можете лесно да убедите некој близок да се премисли или да се одлучи за некои вообичаени планови што ги имате.
Здравје
Важно е да се ослободите од некои непотребни грижи.
Близнаци
Работа
Потребна ви е огромна енергија и поддршка за да ги завршите сите закажани задачи навреме.
Љубов
Вие поставувате излишни прашања на блиско лице и на тој начин само индиректно предизвикувате ново сомнение. Нема причина за дополнителна грижа што ја чувствувате.
Здравје
Обрнете внимание на вашите здравствени опции.
Рак
Работа
Некој ги потврдува вашите очекувања во деловната соработка. Сепак, немојте да бидете премногу лекомислени пред различни соработници, затоа што нечии зборови не даваат доволна гаранција за долг период.
Љубов
Среќата е на ваша страна сè додека постои заедничка желба да се зачува емотивната блискост. Додека ова постои, нема потреба да се грижите!
Здравје
Избегнувајте претеруање во храна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за недела, 20.10.2019:Денес ќе бараме некои стари и заборавени работи, како и потиснати мисли – но и да се организираме и одржиме односот со партнерот!

Денес, два секстили го одбележуваат денот, Меркур и Плутон, и Венера и Сатурн. Секстилот на …