(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН ХЕРОЈ спасувал СТОТИЦИ од самоубиство со скокање од карпа а никогаш не се фалел: Неговиот одговор на прашањето зошто го правел тоа ќе ве расплака!

Во источното предградие на Сиднеј, недалеку од полуостровот Саутхенд што го дели заливот Вотсон од Тасманското Море, има прекрасни карпи кои Австралијците ги нарекоа Провалија бидејќи се спуштаат стрмно и злобно во океанот. Поради прекрасниот поглед кој се спушта од нив до пристаништето, карпите високи околу 100. метри привлекуваат туристи, но за жал и самоубиства.
Од 1836. година наваму, се проценува дека околу карпите се пријавуваат околу 50. самоубиства годишно. Од скок во сигурна смртта во самоубиство, ги дели само ниска ограда, што ја прави една од најпопуларните дестинации за самоубиства во светот.
Добриот дух на бездната
Скоро педесет години, наспроти Провалијата во куќа живеел Дон Ричи. Тој се преселил во прекрасен нов дом со поглед на морето со сопругата и трите ќерки по пензионирањето во 1964. година. Тој служел во австралиската морнарица во Втората светска војна, а по војната се збогатил работејќи во осигурителна компанија. Во пензија, сепак, тој започна да се занимава со малку поинаков вид на животно осигурување.
Овој храбар и пожртвуван Австралијанец започнал да ги спасува животите на бројни самоубијви кои имале намера да скокнат од стрмните карпи на Провалијата. Се проценува дека тој спасил помеѓу 160 и 500 животи. Точната бројка не ни е позната затоа што скромниот Австралијанец не сакал да се фали за неговите достигнувања за време на животот.

„Не можев само да седнам и да ги гледам низ прозорецот како умираат. Морав да им помогнам. Работата е едноставна“, рекол тој во интервјуто што го дал за Associated Press, при крајот на животот.
Веста за неговата смрт на 13. мај 2012. година, ја расплакала цела Австралија. Дон Ричи починал од рак на 84-годишна возраст. Неговата топла насмевка и љубезните зборови повеќе не спасуваат самоубиства, но австралиските власти поставиле повисока ограда и бројни камери во Провалијата за да ги забележат самоубиствата навреме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РЕАКЦИЈА – Петар Ренџов до Шилегов: „Каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните?“

Ако градоначалникот Петре Шилегов мислеше дека тоа што Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани во …