(ВИДЕО+ФОТО+ Рецепти) Што со „стариот“ леб? 4. фини идеи кои треба да ги имате предвид!

Ако лебот го чувате со парче целер или со неколку парчиња свежа јаболка ќе ја продолжите неговата свежина.
Просечна векна леб треба да се изеде во рок од еден ден од купувањето. За да ја одржите свежината на лебот што подолго, чувајте го на темно место – како дрвена кутија, на пример. Лебот во парче можете да го ставите во пластично ќесе со две парчиња целер кои ќе го омекнат пекарскиот производ и ќе му ја продолжат влажноста. Истиот учинок ќе го направите ако со лебот ставите и неколку кришки свежо јаболко.
Имајте на ум дека леб со видлива мувла или непријатен мирис треба да се фрли во ѓубре. Ако сакате да го потрошите стариот леб кој се уште може да се јаде, имате неколку опции. Најчест избор е натопување на лебот во млеко и јајца и подготовка на така наречениот француски тост – односно, пржени лепчиња кај нас.
Стариот леб можете да го наполните со зачински тревки, црно пиво и сирење и да го запечете во рерна, или да направите тост сендвичи со фина смеса од мелено месо и сирење. На располагање ви е и подготовка на слатки, односно пудинг со шест кришки стар леб во кој се додава и нешто суво грозје, екстракт од ванила, млеко, јајца шеќер.

4. рецепти за искористување на стариот леб:
Француски тост – така едноставен за подготовка а така вкусен!

 

Во длабок сад искршете две јајца и истурете половина шолја млеко. Насолете, додајте цимет, а може и ванила. Се’ заедно убаво изматете. Лебот исечете го на подебели кришки уфрлете во садот и оставете убаво да се натопат.
Најдобро би било да користите леб кој стоел еден до два дена.
Лебот испржете го на малку путер во тавче. За секоја страна ќе ви требаат по две до три минути. Потоа, лебот ставете го во плех и печете во рерна која претходно сте ја загреале на 200 степени и печете 10 – 15 минути.
Кога ќе биде готов извадете го и уживајте во тостот каков уште не сте јаделе.
Во видеото погледнете како се подготвува ова јадење од стар леб.

Тоа се вика сендвич: Рецепт за запечен леб полнет со мелено месо и сирење

Сосот на основа на мелено месо и домати можете да го искроистите и како полнење за сендвичи.
Секако пробајте го овој рецепт:
Состојки:
250 г мелено јунешко месо
300 мл говедска супа
200 г домати
120 г варен грав
1 главичка кромид
3 – 4 чена лук
1 лажица брашно
2 лажици пире од домати
1 лажичка сувбо оригано
1 ловоров лист
1 багет
50 г истопен путер
малку сечкан магдонос
сол и црн пипер
Подготовка:исечкајте ги кромидот и 2 чена лук и пропржете на малку масло, во поголема тава. После отприлика една минута додајте го меленото месо. Кога јунешкото ќе потемни, додајте чили во прав, ким, коријандер и брашно. Се убаво измешајте. Долијте ја супата, излупените домати исечени на коцки, пире од домати, оригано и сол и црн пипер по вкус. Додајте и ловоров лист па оставете 30 до 45 минути да се вари на ниска температура.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Почетокот и крајот на багетот отстранете ги, а остатокот од лебот исечете го на 3 – 4 еднакви делови. Внатрешноста на лебот извадете ја, а наместо неа ставете од филот од мелено месо.
Од двата преостанати чена лук, магдонос и путер направете прелив за сендвичите. На врвот на секое парче багет можете да нарендате и малку од омиленото жолто сирење.
Вака подготвените седнвичи ставете ги во рерна да се запечат на 10 до 12 минути, додека лебот не стане малку тостиран, а сирењето се истопи.
Овие сендвичи можете да ги подготвите и од останат болоњезе сос.
Во видеото погледнете како се прават овие сендвичи.

Chili Stuffed Garlic Bread

Gepostet von Proper Tasty am Donnerstag, 11. August 2016

„Пијан леб“ со сирење, идеален за прослава на Свети Патрик

Состојки:
1 округол леб, по желба
100 г истопен путер
3 чена лук
2 чајни лажички власец
80 мл црно пиво
300 г чедар
Подготовка:рерната загрејте ја на 175 степени. Со нож исечете го лебот, но не до крај. Цел е да направите мрежа од коцки со големина од околу 2,5 сантиметри.
Истопете го путерот па измешајте го со власецот. Со четка намачкајте ја целата површина на лебот, а посебно внимание посветете на внатрешноста.
Помеѓу коцките ставајте по малку црно пиво па вметнете рендано сирење. Ако при рака немате чедар ќе послужи и друго сирење кое се топи.
Лебот завиткајте го во алуминиумска фолија и печете 20. минути. Одвиткајте ја фолијата па на иста температура печете уште 10. минути.
Во видеото погледнете како се подготвува „пијан леб“ кој е идеален за прослава на Свети Патрик, денот на Ирска.

Рецепт за колач од стоен леб кој можат да го направат и почетници

Не ви се оди до продавница. Немојте да бидете очајни. Фин десерт можете да направите и од стоен леб и состојките кои веројатно ги имате дома.
Состојки:
6 кришки леб
2 лажици истопен путер
50 г суво грозје
4 јајца
400 мл млеко
100 г шеќер
1 лажичка мелен цимет
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:рерната загрејте ја на 175 степени.
Лебот искинете го на парчиња и ставете во садот за печење. Преку лебот полијте го истопениот путер и суво грозје. Во сад изматете ги јајцата со шеќерот, млекото, циметот и ванилата додека не се соединат сите состојки. Полијте ја смесата во тавата, а лебот убаво притиснете го да биде потопен во смесата.Ставете во рерната и печете околу 45. минути.
Совет плус. Овој колач можете да го испечете и во малечки керамички садови за суфле што ќе ви го олесни послужувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …