(ФОТО) ТРАГЕДИЈА – Загина италијански велосипедист: Од силината на ударот му се преполовила кацигата

Голема трагедија се случи на трката Bassa Valle Scrivia,на која загина велосипедистот Џовани Јанели.
Трката влезе во завршната фаза кога се случи ужасна трагедија и загина 22-годишниот Јанели во финишот. Врнел дожд во текот на целата трка, а поради несреќата се случи поради влажната патека.
Јанели возел со брзина од 60 км на час, кога ја загубил контролата врз велосипедот и удрил во бетонски столб. Од силата на ударот, неговата кацига се преполови, и тој паднал во несвест.

Лекарите веднаш му помогнале и тој бил пренесен во блиската болница, каде паднал во кома. Имал внатрешно крварење поради сериозниот удар на главата.

Јанели беше еден од големите спортски таленти и многу се очекуваше од него во иднина, велат организаторите на трката. Бил голем обожавател на фудбалскиот клуб Милан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …