СТАР РЕЦЕПТ ЗА ТУРШИЈА: Останува свежа до крајот на зимата – без конзерванси!

Туршијата е природен пробиотик и најмоќен лек. Ако во текот на зимата со секој ручек јадете зеленчук од туршија вие ќе:
– го поттикнете обновувањето на цревната флора
– ќе го забрзате метаболизмот
– ќе го подобрите имунитетот
– ќе спречите појава на карцином
– ќе го регулирате крвниот притисок
– ќе го намалите нивото на холестерол
– ќе го подобрите расположението
Рецепт за туршија:
Потребно е:
5 кг. зеленчук за туршија (корнишони, пиперки, моркови, зелени домати, карфиол, ситен кромид и т.н.)
5 литри вода
1 литар алкохолен оцет
13. лажици (за супа) шеќер
5 лажици сол
1 кесичка винобран
зачини: бибер во зрно, мирудии, рен…
Подготовка: зеленчукот измијте го и исчистете. Потоа пиперките избушете ги на неколку места за да водата влезе во нив. Морковот исчистете го, како и кромидот и доматите. Потоа зеленчукот ставете го во буре и налијте ја течноста.
Се’ убаво измешајте па притиснете го зеленчукот да биде што подлабоко во водата. На зеленчукот и дополнително можете да му додадете од течноста.
Бурето чувајте го на суво и ладно место, далеку од сонце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) 4. брзи рецепти за мафини, куглоф, пита…

Секогаш е добро да се има некој рецепт „набрзина“ на домашните да им подготвиме, вечера …