(ВИДЕО) ЧУДО НА ПРИРОДАТА – Девојче родено со голема дамка на лицето оди на операција: И требаат нашите молитви!

Оваа дамка може да се развие во малигна болест која би го загрозила нејзиниот живот.
Малечката Луна Фенер е бебе како и секое друго – таа си игра, се смее, плаче, спие … но таа е посебна по нешто. Родена е со промена на кожата на лицето што во нејзиниот случај изгледа како маска од Бетмен.
Оваа промена на кожата не е сама по себе вонредна состојба поради што треба да се изврши операција, но може да се развие во малигно заболување кое би го загрозило нејзиниот живот.
Поради ова, нејзините родители одлучиле да ја однесат на операција за да ја отстранат оваа „маска од Бетмен“ од нејзиното лице.
За жал, тоа не е единствената причина што мајка Керол сакала да направи нешто во врска со тоа. Таа признала дека честопати слуша секакви коментари,кога е надвор на прошетка, за своето 6-месечно бебе, и стравува дека ваквите работи може да продолжат во градинка и училиште, пишува Like.
Поради ова, Луна чека операција во Русија, а нејзините родители веќе отвориле донации преку Интернет за да ги покријат трошоците за патувањето и самата операција. Бог да те благослови, Луна!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Рафаел Надал се ожени со Мариа Франциска Перелјо: На свадбата најблиските но и поранешниот крал Хуан Карлос!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Перељо – Чиска, се венчаа …