(ВИДЕО+ФОТО) Меси го „испалил“ 100. неодбранлив проектил

Лионел Меси, дури сега, два месеци од почетокот на сезоната, во осмото коло на Ла Лига во победата на Барселона против Севилја поентирал прв пат.
Поради повреди пропуштил многу натпревари, а потоа во петтиот постигнал прекрасен и историски гол.
Симболот на Барселона во 692. настап за тој клуб го постигнал 694. гол, но овој е посебен, а Меси се потрудил да го постигне на достоинствен начин.

На 18. метри од голот, од косо,од десната страна извел слободен удар така што со левата нога топката ја испратил под гредата, во аголот, на голманот Вицклик.
На Меси ова му е 100. гол за Барселона кој го постигнал со удар вон казнениот простор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За изминатите 24. часа се потврдени 76 нови случаи на ковид 19: Вкупната бројка на дијагностицирани 2.391, оздравени се 26 пациенти – почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани …