Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како неопходна платформа за едукација на жените и подигнување на свеста за потребата од редовен (само)преглед во борбата против ракот на дојка, бидејќи превентивата е најважниот лек

Македонски Телеком како технолошки лидер се вклучува во кампањата #ПаузаЗаПреглед за подигнување на свеста за ракот на дојка. За потребите на кампањата, Македонски Телеком како технолошки партнер и општествено одговорна компанија, подготви информативно-едукативен микросајт каде што на едноставен и креативен начин се прикажани трите најважни чекори за рано откривање на болеста кои треба да ги знае секоја жена.

Микросајтот www.pauzazapregled.mk е во функција веќе од денеска, 6 октомври, денот кога Скопје маршира во розово. До сајтот може да се пристапи единствено преку мобилен телефон, а директниот линк корисниците на Македонски Телеком ќе го добијат преку SMS порака.

Сајтот како дел од кампањата #ПаузаЗаПреглед ќе биде активен во текот на цел месец октомври, со што посетителите имаат можност на уникатен и практичен начин да се информираат и уште поважно да направат самопреглед на дојка, едноставно и брзо. Идејата произлезе од фактот дека во текот на еден ден корисниците го допираат мобилниот телефон повеќе од 3.000 пати, а за самопроверка потребни се само три прецизни допири.

Вклучувањето во кампањата #ПаузаЗаПреглед и креирањето на микросајтот се потврда дека современата технологија покрај бројните комуникациски придобивки, може и треба да се искористи за општо добро. Во случајот, технологијата дава пристап до информации и знаење коишто можат да спасат живот, како и потсетување за жените да одвојат време за себе, да се едуцираат, заштитат и водат повеќе грижа за сопственото здравје.

Покрај изработката на микросајтот, Македонски Телеком го поддржува и денешниот марш „Напред розoво-чекори против ракот на дојка“ којшто традиционално го организира здружението „Борка“. Со ова, компанијата дополнително е посветена за подигање на свеста за превенција и рано откривање на ракот на дојка.

Пристапете до сајтот и поддржете ја кампањата #ПаузаЗаПреглед иницирана од AVON, а технолошки поддржана од Македонски Телеком, со цел да ја користиме технологијата за добро!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Првото електрично Волво има повеќе од 400 КС и изгледа одлично

Покрај Полестар од Шведска ни доаѓа и електрично Волво. Швеѓаните за првиот електричен модел го …