Јунак во светски рамки последните денови е монахот од Украина за чие големо срце и дело се пишува низ целиот свет…

Украинскиот владика Лонгин Черновички, игумен во манастирот во Банченску, од деведесетите години на минатиот век ги усвојува сите деца отфрлени од своите родители.

Од речиси четиристотини деца, кои благодарејќи му нему имаа радосно детство и кои се спасувани од улица, студот и светот на криминалот, четириесет од нив од раѓање се заразени од ХИВ, а околу стотина од нив родени се со инвалидитет или со пречки во развојот.

Бидејќи доста од нив заради различни околности морале во документи да имаат и име на родителите тој лично посвоил 250. деца и сите го нарекуваат „тато“.

Оние пак, кои завршиле училишта и факултети и засновале свои семејства и понатаму се враќаат во манастирот и му помагаат околу новите браќа и сестри.

Човек Божји и жив светец во секоја можна смисла, пишуваат светските медиуми.